Македонија
27. September 2016 - 16:27

СДСМ: Наместо споменици патна инфраструктура

За време на 10 годишното владеење, оваа влада не пушти во употреба ниту една нова железничка пруга, а дополнително ги укина сите меѓународни и дел од домашните линии. Проектот за пругата Битола - Кременица во должина од 17 километри чини 20 милиони евра, а средства се обезбедени од ЕУ фондовите. Иако проектот требаше да биде готов до јули 2016 година, тој денес е со реализација од само 30 проценти. На трети септември работите се целосно прекинати поради штрајк на подизведувачите на кои не им се исплатени средтсва во висина од еден милион евра. Оваа пруга е исклучително важна  за Пелагонискиот регион, но и да биде алтернативен излез на југ од државата, бидејќи излезот од Гевгелија е често блокиран, а Македонија трпи огромни финансиски загуби, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.