Македонија
1. јуни 2017 - 15:08

СДСМ најостро го осуди инцидентот во којшто е пукано во Тодоров

СДСМ во денешното пишано соопштение најостро го осудува инцидентот во којшто е пукано во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

- Недозволиво е употреба на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина, какви што се првичните информации за случајот. Повикуваме на институционално решавање на проблемите и очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот, се наведува во соопштението од СДСМ.