Македонија
19. February 2019 - 10:03

СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи

Наградата „Евалд Фон Клајст“ што се доделува за придонес кон светскиот мир и безбедноста, а им беше врачена на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи за граѓаните, за идните генерации, државите, за целиот регион.

Желбата за подобра иднина ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција.

Тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.

Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите.