Македонија
16. November 2019 - 17:04

СДСМ на трибина во Велес

Велес е камен темелник, чувар на македонскиот идентитет, култура и јазик и горд сум што денеска овде можам да кажам дека тој е загарантиран и обезбеден, порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина денеска во Велес под мотото „На прав пат“.

-Денес нашиот јазик, нашиот идентитет се загарантирани и признаени од целиот свет. Нема веќе негирање на нашата македонска посебност. Тоа е резултат од решавање на крупните прашања, а придобивките ги гледаме секојдневно, најмногу во економијата. Денеска сме партнери сојузници со Бугарија и Грција, таму не водат нашите политики. Договорите куќа градат, велат старите. Затоа денеска сме почитувана земја, рече Заев.