Македонија
9. September 2020 - 14:11

СДСМ: Мнозинството во Собранието ќе расте поради нашите политики

Мнозинството на пратеници со кои располага власта ќе расте благодарение на добрите и граѓанските политиките кои ги има Владата на СДСМ и ДУИ и тоа ќе биде препознаено од народни избраници кои сега се во опозција. Ова е коментарот на СДСМ кои се новите пратеници во парламентарното мнозинство кои ги најави премиерот Зоран Заев. Имено, Заев вчера рече дека власта за одредени одлуки можела да смета на дури 65 пратеници. Се уште нема конкретни имиња.

„Имајќи ги предвид програмските определби на новата Влада и вредностите и принципите на Коалицијата предводена од СДСМ кои се во интерес на граѓаните и државата, за очекување е тие да бидат препознаени и од пратеници од другите пратенички групи, така што може во иднина парламентарното мнозинство дополнително да расте“, коментира во писмена изјава пратеникот и портпаролот на партијата Костадин Костадинов.

Тој вели дека во овој момент парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата е стабилно и посветено работи на реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните иако власта од првичните 62 народни избраници во моментов е без двајца – наследник на Шахпаска која замина во министетрството за труд и социјална политика и Арбен Зибери кој е хоспитализиран поради Ковид 19. Костадинов највува дека набрзо ке биле формирани и собраниските тела без кои парламентот не може да работи ефикасно.

„Собранието е конситуирано, се екипираат собраниските тела, што значи собранието е функционално. Многу скоро може да се очекува формирање на сите потребни комисии и работни тела“, вели Костадинов.

 

Катерина Нешкова