Македонија
24. February 2021 - 18:32

СДСМ: Мнозинство од 120 пратеници не е 39 колку што има зад Мицкоски

Христијан Мицкоски докажан губитник и потрчко на Мијалков и Груевски може посветено да работи само на одбрана на криминалот и на ширењето на лажни вести.

Една од нив е и неколкупати повторената лага дека ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Собранието.

Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски.

Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39 колку што се потпишаа зад неговата поддршка и 53 пратеници од целата опозиција во Парламентот кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров.

Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кој не веруваат ниту во неговата партија.

Мицкоски досега треба и да знае дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина, а вистината е дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ