Македонија
14. February 2021 - 9:10

СДСМ: Милошоски за скандалот „Кражба“ треба да се извини и да поднесе оставка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски треба да понесе одговорност, откако јавно достапни документи потврдија дека бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.

Милошоски за скандалот „Кражба“ и за срамниот однос кон граѓаните и државата треба да се извини и да поднесе оставка.

Особено што против Милошоски и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а неговиот шеф Мицкоски молчи, наместо да го повика на морална одговорност.

Со ова опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека заштитува криминал и корупција.

Пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот.

Милошоски е срам за македонската држава, за Собранието, за парламентарната демократија и затоа треба да си даде оставка на функцијата пратеник.