Македонија
30. November 2021 - 13:47

СДСМ: Милошоски лобира против почеток на преговори со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ е докажан противник на евроинтеграциите

Срамно, десната рака на Христијан Мицкоски и докажан извор на лажни вести, Антонио Милошоски отишол во Вашингтон да лобира Македонија да не започне преговори за членство во ЕУ.

Наместо да бара ЕУ да донесе одлука што поскоро нашата држава да започне процес за преговори со Унијата, заслужени, за кои ги имаме исполнето сите услови, Милошоски го прави сосем спротивното, работи за блокада на евроинтеграциите.
 
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е докажан противник на евроинтеграциите, партија која сака државата да ја врати назад во изолација, раскарана со соседите и демократскиот свет. 
 
 
Центар за комуникации со јавноста