Македонија
17. November 2018 - 21:23

СДСМ: Мицковски е единствениот што го брани криминалот на Груевски

Тоа што Христијан Мицкоски се обидува да го претстави носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски уште еднаш потврдува:

Антизападниот Христијан Мицкоски е единствениот што го брани криминалот на Никола Груевски.

Затоа Мицкоски не одговори за средбата со неговиот ментор, Никола Груевски, затоа не одговори ниту за неговите посети на Белград и Будимпешта во октомври 2018 година.

Јавноста ќе ја дознае целата вистината. Како што излегоа на виделина шемите на Мицкоски со Никола Груевски за неговите хидроцентрали токму во време кога му бил советник.

На антизападниот пион Мицкоски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде кристално јасно: криминалот на Никола Груевски не може да го одбранат, правда ќе има.