Македонија
4. July 2022 - 15:52

СДСМ: Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и  лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка.

Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија.

Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации.

Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.

Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ