Македонија
2. April 2019 - 10:35

СДСМ: Мицкоски не покажа никаков доказ дека бил во Виена, нека одговори дали се сретнал со Груевски

Христијан Мицкоски не објави слика, никаков доказ околу неговата наводна посета на Виена. Но затоа, неговата ВМРО-ДПМНЕ призна дека тој бил во Будимпешта на „транзитно“ патување.

Го охрабруваме Мицкоски да објави барем една фотографија од неговата посета на Виена.

Ако тоа не можно, тогаш Мицкоски нека го искористи периодот додека шета и шири лажни вести низ државата да одговори дали во Будимпешта се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

Да одговори Мицкоски дали пред почетокот на кампањата барал совети за неговата кандидатка Силјановска.

Доби ли Мицкоски насоки од Груевски за деструктивно и антидржавно делување?