Македонија
14. August 2021 - 10:36

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште заглавени во поделбите на граѓаните бегањето од Рамковниот договор го потврдува тоа

Бегањето одбележувањето на 20 годишнината од Рамковниот договор покажува дека Мицкоски се уште е заглавен во поделби на граѓаните.

Охридскиот договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека темелот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.

20 години подоцна, деструктивни и безидејни политичари како пироманот Мицкоски се уште шират поделби меѓу граѓаните.

Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  е огромна: концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ обединува и води напред.

Политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност,  мир, економски развој и напредок и подобар живот за сите.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ ги делат граѓаните и влечат назад. Затоа уште еднаш ќе бидат поразени на следните локални избори.

 

Центар з комуникации на СДСМ