Македонија
15. јуни 2021 - 20:45

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите штетници на македонските национални интереси

Додека Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како рамноправна и полноправна земја членка, додека преку сите канали се прават дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на националните интереси.

Исплашени од нов успех на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, кочат и блокираат се што е во интерес на иднината на државата и граѓаните.

Фрустрирани од напредокот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират невистини за наводно загрозување на идентитетот со што отворено работат против најважните национални и државни интереси.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ