Македонија
25. January 2023 - 8:50

СДСМ: Мицкоски е неуспешен ученик на Груевски и заложник на Апасиев

Христијан Мицкоски исплашен за својата фотелја, продолжува да пласира едни исти лаги во кои веќе не верува ни членството на неговата партија.

Дејствувајќи против интересите на граѓаните и државата, мешајќи се во работата на градоначалниците, Мицкоски се докажа како лош и неуспешен ученик на неговиот ментор Никола Груевски.

Се што Мицкоски има зад себе се лажни вести и дезинформации и отстуство на сгтав за најважните државни прашања.

Токму поради тоа, во последно време стана заложник на деструктивноста на Димитар Апасиев и затоа Мицкоски често пати е поекстремен и порадикален во своите настапи, а се со цел да не заостане зад Аласиев.

Се што Мицкоски кажа - излажа, се што прогнозираше - излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст.

 

Центар за комуникации со јавноста