Македонија
17. April 2021 - 9:12

СДСМ: Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците, не може да се помири што правдата стигна

Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците.

Тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, секој што се огрешил пред законот - одговара, нема повеќе недопирливи.
 
За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите.
 
Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин.
 
Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски.
 
Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, а негова  сурова реалност е тоа што губи на секој изборен циклус.
 
Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја кој не донесе ништо ново, тој е срам за десницата во Македонија.