Македонија
29. October 2018 - 19:00

СДСМ: Мицкоски е фатен во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски за хидроцентралите

Антинародниот пион Христијан Мицкоски петти ден се крие зад конфузни реакции на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните дознаа за шемите со Груевски, како се стекнати хидроцентралите.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ првично тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.  Потоа, истото тоа антизападно раководство тврдеше дека Хидро Мицкоски има удел од 7 отсто во сосема друга компанија односно во „Енергомонт“, за вчера антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека Мицкоски има удел од 7 отсто во конзорциумот „Минка-Енерготек“.

Три дена, три различни тврдења. Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ не може само со себе да се договори што да излаже.

Јавноста денеска ја дозна вистината: компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде удел има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.

Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа излегува на површина.

Затоа Хидро Мицкоски останува само заштитник на криминалите на неговиот ментор Груевски, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија.