Македонија
12. September 2018 - 15:40

СДСМ: Мицкоски да се охрабри, да покаже одговорност и да каже дека е против бојкот на референдумот

На помалку од 20 дена од референдумот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став дали се против бојкот на македонската иднина. 

Треба да му се помогне на Мицкоски.

Секој кој ја сака Македонија треба да му помогне на Мицкоски, да го повика да се охрабри и исправено да каже дека е против бојкот на македонската иднина.

Само така, со јасен и цврст став Мицкоски би можел да оди на дебата. За дебата се потребни ставови.

Несериозно и неодговорно е се друго.

Овие историски моменти пред коишто е исправена Република Македонија се повик за одговорност на сите политички чинители, да ја поддржат иднината на нашата татковина во ЕУ и НАТО.

Гласот за европска Македонија е глас за иднината, за здружување со најсилните сојузи во светот.

Има време Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство.