Македонија
6. April 2019 - 15:25

СДСМ: Мицкоски, да не се претера со лажните вести? За провизии од автопати, обрати се кај твојот ментор во Будимпешта

Христијан Мицкоски во недостиг од идеи, во паника од извесниот пораз на изборите, продолжува со лажните вести, измислиците и конструирање случаи што полека но сигурно станува негов единствен начин на делување.

За наводни провизии околу автопатиштата Мицкоски нека си го праша менторот во Будимпешта, експерт за провизии од 5 отсто и до 15 до 18 „на целото“.

Мицкоски не може да се помири со успесите на Владата предводена од СДСМ, знае дека не може да понуди ништо што е од интерес на граѓаните и затоа останува целосно посветен на лажните вести и лагите.

Мицкоски, да не е многу со лагите? Да не се претера со лажните вести?