Македонија
26. May 2022 - 8:54

СДСМ: Мицкоски да каже што договарал со бугарските здруженија

Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државата наместо секојдневно од Белата палата да пласираат лаги и невистини.

Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски Владата предводена од СДСМ по прашањата со Бугарија постапува сериозно и одговорно, силно штитејќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена од Собранието.

Ниту за Гоце Делчев, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата што подигаше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период.

 

Центар за комуникации со јавноста