Македонија
30. November 2019 - 13:26

СДСМ: Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување

СДСМ поднесе Барање за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов.

Ова е шанса за пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да покажат дали се за правда или ќе слугуваат на криминалците.

Христијан Мицкоски нека ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Барањето.

За предметите за кои се води постапка пред СЈО, а сега се преземени од ЈО правда мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани освен режимската ВМРО-ДПМНЕ.

Со отворање на постапка пред Уставниот суд за оценка на членот 11 од Законот за помилување се заканува голема опасност за постапките кои се водат за прислушуваните материјали.

Инсталациите на ВМРО-ДПМНЕ во судството и обвинителството прават се за да го попречат владеењето на правото и да го урнисаат правосудниот систем.

Но, колку тоа да им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или не, граѓаните и институциите нема да им дозволат да го опструираат правосудниот систем.