Македонија
22. јуни 2021 - 16:28

СДСМ: Лажна вест е дека нема пасоши и лични карти

Класична дезинформација на ВМРО-ДПМНЕ и неуспешен обид да внесе вознемиреност меѓу граѓаните е информацијата дека нема пасоши и лични карти.

Како што објави и Министерството за внатрешни работи, патни исправи од сите типови има во доволен број и се одговара на сите барања на граѓаните.

Поради пандемијата, речиси година и пол граѓаните не ги обновуваа патните документи и затоа сега има огромен наплив од барања за нови пасоши. За да им се излезе пресрет на граѓаните се донесе одлука за пролонгирање на важноста на пасошите за да можат сите непречено да патуваат во време на летните одмори.

Со цел побрза услуга на граѓаните, продолжено е работното време и воведено е и работење во викенд.

Услугите за граѓаните се достапни навремено, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги и дезинформации.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ