Македонија
5. July 2022 - 15:14

СДСМ: Координаторите на пратеничките групи утре ќе разговараат за заклучоците што треба да произлезат од Собранието

За утре е договорена средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието, брифираат од СДСМ.

– Овие разговори не се поврзани со содржината на преговарачката рамка. Потсетуваме, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено. Очекуваме одговорност од сите политички партии, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ претходно за Канал 5 брифираше дека ќе се формираат работни групи меѓу политичките партии, кои ќе работат на предлог забелешките на преговарачката рамка, која е предложена.

Предлогот, според опозициската партија, е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба, според ВМРО-ДПМНЕ, се очекува утре.