Македонија
4. April 2019 - 12:00

СДСМ: Колку сме поблиску до членството во НАТО, толку поголеми се економските придобивки

Напредокот во интеграциите, процесот на ратификација на протоколот за пристапување во НАТО и успешните економски политики сериозно ја придвижија економијата.

Бројни економски параметри покажуваат дека за само една година од интентизивирањето на интегративниот процес, економските придобивки се реални и видливи.

За само една година, просечната плата пораснала за 7,5 отсто, односно од 23.850 денари колку што изнесувала во декември 2017, на 25.784 во декември 2018 година

Интеграцијата ја врати довербата во економијата, 2018 година ќе остане запаметена по историски највисок износ на странски дирекни инвестиции од 624,5 милиони евра или 276 отсто над просекот.

Рекордниот број странски инвестиции во 2018, ја намалија стапката на невработеност на 19,4 во последниот квартал од 2018 што е значително намалување во однос на истиот период од 2017 кога изнесувала 21,9 отсто.

Извесното членство во НАТО, дополнително ќе ги интензивира позитивните движења во економијата. Влезот во НАТО и напредокот во интеграцијата во ЕУ ќе го забрзаат економскиот раст, економијата ќе стане уште поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе расте бројот на новоотворени работни места, ќе растат платите, а се повеќе пари ќе завршуваат кај граѓаните.