Македонија
8. November 2019 - 10:45

СДСМ: Извозот е зголемен за 13,2 проценти, уште една потврда дека економијата е на прав пат

Успешните економските политики на СДСМ даваат реални резултати.

Извозот во периодот јануари – септември годинава е зголемен за 13,2 проценти. Вкупната вредност на извозот од земјата изнесува 4,8 милијарди евра.

Најголеми наши надворешно трговски партнери се Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Зголемувањето на извозот и на увозот се должи на успешните економски политики, економскиот раст и стабилноста.