Македонија
26. January 2022 - 10:04

СДСМ: Извештајот на ТИ го потврдува напредокот на државата во борбата против криминалот и корупцијата

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, што е е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години.
 
Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени.
 
Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.
 
Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.
 
Ова, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.
 
Напредокот на листата на Транспаренси Интернешнл е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите,  реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.
 
Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и  неселективна борба против секаков вид на корупција и криминал.
 
 
Центар за комуникации со јавноста