Македонија
14. March 2016 - 16:42

СДСМ излегува на протести против уставните судии, закани за насилство врз институциите

- Ќе го запалиме уставниот суд затоа што е неуставен -  најави на својот официјален фејсбук профил Општинската Организација на СДСМ Кавадарци. Ваквата најава доаѓа во пресрет на протестот пред уставен суд кој утре ќе го организираат неколку невладини организации кои се финансирани од Соросовата фондација.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес потврди дека СДСМ излегува на протест.Од невладините кои се официјален организатор на протестот, порачаа дека доколку уставните судии не одлучат онака како што им одговара нив, ќе се соочат со гневот кој го најавија од СДСМ.

Нешто пожесток испад имаше соборецот на Сарачини, Славчо Димитров, кој на судиите им се закани дека ќе бидат влечени за уши.

Во работата на судот се замеша и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Останува нејасно во кое својство Спасовски ја дава ваквата изјава. Дали како генерален секретар на СДСМ или како Технички Министер за Внатрешни Работи. До сега МВР нема преземено ништо околу насилството кое СДСМ и активистите на СОРОС го најавуваат за овој протест.

Според начелото на поделба на власта, со ваквата изјава Спасовски како дел од извршната власт прави директен упад во судската власт.

СДСМ и Соросовите невладини протестираат заради оценувањето на установста на член од законот за помилување, сеуште останува чудно тоа што истата партија во 2009тата тврдеше дека овој член е неуставен. Членот кој сега го брани СДСМ е изгласан од собранието по предлог на ВМРО – ДПМНЕ.