Македонија
26. August 2019 - 9:43

СДСМ: Изградени и обновени преку 500 километри патишта

Градиме по план, досега изградени и обновени преку 500 километри патишта, започнува инвестициски циклус од 850 милиони евра

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата.

Како никогаш досега, се гради низ целата држава, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени.

Со досега изградените и обновени преку 500 километри патишта во вредност од околу 540 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата.

Како дел од позначајните проекти во инфраструктурата е  автопатот Миладиновци – Штип кој беше наследен  од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Граѓаните денес имаат  автопат безбеден за соообраќај.

Наместо парите на граѓаните да се трошат на барок и споменици како во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, 400 милиони беа инвестирани во рехабилитација и реконструкција на преку 80 магистрални и регионални патишта.

Инвестициите во патиштата не запираат, туку напротив, започнува инвестициски циклус од над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.

Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој беше затекнат со низа пропусти и недовршен, а започна и изградбата на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa:  Градско-Дреново,  Штип-Радовиш, Штип- Кочани, Ранковце – Крива Паланка.

Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотици милиони евра.

Интензивно се работи и на регабилитација, изградба и реконструкција на преку 350 километри на околу 40 регионални патишта.

Во завршна фаза е обезбедувањето на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта, со што ќе се подобри патната инфраструктура во општините.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат изградба на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.