Македонија
13. May 2020 - 11:48

СДСМ: Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија

Вчера, на лидерскатата средба, сите политички партии изразија целосна и недвосмислена доверба во Комисијата за заразни болести, во епидемиолозите и во Владата за начинот на справувањето со кризата (и покрај тоа што Мицкоски имал првична идеја да ја партизира ова стручна комисија, за што подоцна се премислил и повлекол).

Стручноста и одговорноста во справувањето со кризата добија целосна верификација, тоа е многу важно. Никој веќе нивните ставови не може да ги доведува под прашање. Тие се водилка за сите и за се.

Зоран Заев беше прв на лидерската средба што целосно јасно со детално разработени факти ги отвори сите аргументи за очекувањата во здравствениот аспект и економските последици, за потребата од избор на институции со полн легитимитет даден од граѓаните во првиот можен рок, за условите и роковите (за завршување на ажурирањето, дополнителниот јавен увид и проверки, па се до печатење на изборниот материјал). Одговорно однесување значи сите овие аспекти да се разгледаат, за да може да продолжат сите изборни дејствија онаму каде што запреа.

Зоран Заев ги отвори и сите датуми кои се можни како опции за спроведување избори во јуни или почеток на јули, на што немаше спротиставување од ниту еден од присутните. Мицкоски не се спротистави да се разговара за можните датуми, иако денес преку куририте брифираат лаги дека само Заев бил за избори.

Христијан Мицкоски на средбата немаше никаков детален план, ниту за здравството, ниту за економијата, како што тоа го најавуваа познатите опозициски портали. Тој имаше план само за една своја лична цел – да бега од темата за избори, наметнувајќи други теми на состанокот.

Се обидуваше да ја вмешува ДИК како можна пречка за спроведување на изборите, потоа ги спомнуваше и ОБСЕ и нивните можности за мониторирање, но сите евтини трикови му беа веднаш одбиени – ДИК е институција која има задача да спроведува избори, а не да дава мислења и совети, а ОБСЕ е сериозна меѓународна организација која најпрофесионално ќе одговори на потребата од набљудување на изборите во земјава, се разбира откако ние како држава ќе ги известиме за датумот на изборите.

Кога виде дека бегството не му успева, почна да бара претседателот на Владата да му гарантирал дека ќе можел да тера теренска кампања со некакви митинзи и дека немало веќе да има новозаболени и новопочинати од коронавирус. Во еден момент си помислив дека ќе побара од власта и програмата да му ја напише, оти нели се жалеше дека немал време да спреми програма за претстојните избори:)

Од се ова, едно е јасно. Следната недела бегање нема. Ќе ја чуеме Комисијата и сите ќе се построиме според нивните правила, протоколи и препораки. И нема да дозволиме еден неспремен и некадарен политичар како Мицкоски да ја попречува новата нормалност, да одолговлекува функционалност на институциите во земјава и да спречува создавање услови за целосен одговор, особено економски одговор, на кризата.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои им служат на граѓаните и заради новата нормалност која мораме веќе да ја гледаме како можност, а не како пречка.