Македонија
20. September 2021 - 9:51

СДСМ: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

СДСМ и институциите што ги предводи во континуитет покажуваат што значи вистинска грижа за земјоделците. Навремената и неселективната исплата на субвенциите продолжува.

Изминатите денови исплатени се субвенции во висина од 230,1 милион денари за 4.846 земјоделски субјекти.

На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети исплатени им се 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм.

Сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети добија средства на сметките. 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени за оваа мерки.

Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна землка од почетокот на април до почетокот на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна землка предадена кај регистрирани откупувачи.

На сметките на 656 мали земјоделски стопанства легнаа над 14 милиони денари, додека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, согласно динамиката на исплатата.

СДСМ во континуитет води грижа за зејоделците преку мерки и политики за поддршка за агросекторот. Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува еден од нашите врвни приоритети. 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ