Македонија
30. May 2021 - 9:21

СДСМ: Исплатени 1,7 милијарди денари субвенции за тутунарите

СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделците и земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство.

Субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година се исплатени.

Уплатени се субвенции во износ од 1.7 милијарди денари на сметките на над 28.000 тутунари.

Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои ја започнуваат новата производствена сезона.

Трудот на земјоделците се вреднува и се плаќа. Од почетокот на годинава, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции.

Аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година е во тек.

Рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година, а досега се поднесени речиси 46.000 апликации.

И во услови на здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата, СДСМ како одговорна партија насочена кон интересите на граѓаните продолжува со неселективна и транспаретна исплата на поддршката за македонското земјоделство.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ