СДСМ: Инвестициите во МВР резултираат со значителен пад на криминалот и корупцијата и поголема мотивираност на полицијата
Одговорниот и транспарентен пристап на СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински заштитник на граѓаните.
Во континуитет инвестираме во подобрување на условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал.
За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.
Континуирано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.
Сите овие инвестиции придонесуваат за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.
Во првото полугодие од оваа година бележиме пад на криминалот за 10,8 отсто споредено со истиот период лани.
Овој ефикасен пристап резултира со постојан раст на довербата на граѓаните кон полицијата која денес е вистински чувар на законите и правниот поредок.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто