Македонија
16. January 2019 - 16:06

СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ во клинч за двојазичноста - Богоевски погрешно бил разбран за оставката поврзана со двојазичноста

Сите државни инситуции да го игнонираат законот за двојазичност и да ја блокираат неговата примена, побараа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие нудат правна, но и друга помош за инситуциите кои ќе се соочат со притисоци и казни од извршната власт ако не го воведат албанскиот јазик во службената комуникација. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски најавува дека можна е интерепелација на собранискиот спокер Талат Џафери кој го објави законот без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов.

-Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари... ВМРО - ДПМНЕ ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО - ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош, смета Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму најавуваат дека деновиве ќе биде поднесена и инцијативата до Уставниот суд за оспорување на законот.

Од владејчката СДСМ велат дека двојзаичноста нема зошто да биде укината од Уставниот суд. Повикот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на законот за јазици е деструктивен и блокада на концептот на едно општество за сите.

И пратеникот Павле Богоевски силно го поддржува законот за употреба на јазиците и вели дека бил погрешно разбран кога нудел оставка доколку се воведе двојазичност.

Законот за употреба на јзиците, по една година откако беше донесен се објави во Службен весник. Иванов  и ВМРО-ДПМНЕ пак побараа кривична одговорност за Џафери и директорот на „Службен Весник“ Мартин Костовски за ваквата објава.