Македонија
1. јуни 2016 - 16:08

СДСМ и Сорос го блокираа градот - Граѓаните револтирани

Демонстрантите организирани од опозицијата и невладините блиски до СДСМ почнаа со блокирање на крстосниците во централното градско подрачје. Затворањето стартуваше денеска а според најавите на учесниците ќе продолжи и следниот период. Се блокираа крстосниците кај црвен крст, судска палата и соборниот храм, во времетраење од 1 час.

Одлуката на демонстрантите за изразување на револтот преку блокирање на крвотокот на градот наиде на низа реакции од страна на жителите на Скопје, кои велат дека со овие постапки се нанесува штета на луѓето кои имаат обврски во централното градско подрачје.

Според информациите кои излегоа во јавноста за време на вчерашните протести демонстрантите нападнале повозрасен маж кој со автомобил кој се обидувал да помине низ блокирана улица. Во изјава за Фокус тој изјавил дека се обидувал со своето дете да стаса на детска кардиохирургија.

Не сум ниту некој од ГДОМ, ниту пак уфрлен провокатор, туку само родител кој што брзаше на закажаниот преглед за моето дете. Се работи за преглед од доктор специјалист за детска кардиологија кој што доаѓа од Лондон, и морав да бидам на клиника точно во 18.30, изјавил родителот.