Македонија
26. February 2019 - 16:18

СДСМ и ДУИ тврдат: Нема криза во владината коалиција

Владините СДСМ и ДУИ ја смируваат топката откако изминативе денови ги затегнаа коалициските односи со меѓусебни обвинувања за неуспешната седница за симнување на имунитетот на Трајко Вељаноски. Од двете партии тврдат дека ќе разговараат отворените прашања и внатре во партиите, но и меѓусебно. 

Парламентот откако вчера СДСМ ја бојкотираше координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери, а тој пак, ги откажа сите собраниски активности очекуваат да се врати на редовните активности уште утре – на седница за пратенички прашања.

Ваквите недоразбирања, од власта тврдат дека не ја отвораат повторно идејата за брзи парламентарни избори. Велат дека наредната недела се очекува и објавата на заедничкиот кандидат за претседателските избори.

И од владата тврдат дека односите меѓу владините партнери се тековни. Демантираат дека СДСМ и ДУИ  вчера на владина седница имале кавга и околку новото решение за Специјалното јавно обвинителство. 

И вицепремиерот Бујар Османи тврди дека не се кочи работата на СЈО од страна на ДУИ.

Во меѓувреме денеска беше одложен и Жан Моне процесот меѓу власта и опозицијата со европратеници, а висат и двотретинските закони. За власта, опозицијата е таа која треба да понесе одговорност за лошиот политички дијалог. За опозицијата услови за седнување на иста маса со власта нема.

Во меѓувреме, Самка Ибраимовски кој тврдеше дека ќе настапува самостојно од владината коалиција на претседателските избори се предомисли. Тој утре на средба со Заев ќе ја поддржи идејата за консенсуален кандидат.