Македонија
12. September 2017 - 16:07

СДСМ и ДУИ договараат заеднички кандидати за локалните избори, два дена до крајниот рок за поднесување кандидатури

СДСМ и ДУИ со заеднички кандидати ќе бараат градоначалник повеќе на локалните избори. Вицепремиерот за европски прашања а од денеска и шеф на изборниот штаб на интегративците во Чаир вели дека разговорите со СДСМ одат во добра насока

Со сличен став и на Бихаќка. Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје денеска потврди дека се разговара за заеднички настап со ДУИ.

И Шилегов и Османи денеска не сакаа да прецизираат за кои општини се договараа заеднички кандидати, но неофицијалните информации велат дека ДУИ нема да излезе со свој кадар во трката за градоначалник на Скопје, а во замена од СДСМ ќе очекува Заев да не предложи кандидати во Чаир, Тетово, Гостивар и Кичево. Токму во Чаир ДУИ денеска го промовираше својот кандидат, Висар Ганиу. Тој денеска си поднесе и оставка на позицијата заменик министер за образование.

Дека влегува во трка за нов мандат денеска најави и градоначалникот на Карпош.

Иако не може да се добие официјална информација од ВМРО-ДПМНЕ се очекува да стигне поддршката за Јакимовски во Карпош.