Македонија
27. February 2020 - 16:33

СДСМ и БЕСА постигнаа договор за предизборна коалиција

СДСМ и Беса влегоа во предизборна коалиција. Договорот за заеднички настап за изборите на 12 април го потпишаа лидерите Зоран Заев и Билал Касами. Ова е прва предизборна коалиција на партии од македонски и албански блок кои ќе настапуваат на заедничка листа. Заев и Касами велат дека соработката била поставена на принципиелни основи, најмногу поради владеење на правото и евроинтеграциите, а со нејзе се рушат етничките предрасуди во политиката. Двајцата лидери велат дека се работи за победничка коалиција што ќе освои најмалку 61 пратенички глас.

Соработката е договорена, но местата на листите се уште се преговараат. Неофицијално, Касами ќе биде носител во шестата изборна едница, а БЕСА би требало да добие најмалку уште 4 добитни позиции во другите изборни единици.

Заев со порака и до досегашниот партнер ДУИ - дека нема да може да влезе во владина коалиција преку уцени. Од ДУИ пак, возвраќаат вакви македОнско-алабански коалиции одат на штета на албанските гласачи.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека коалицијата меѓу СДСМ и БЕСА е коалиција з апродлжување на криминалното владеење. Дпоговорт на заев и Касмаи е спј на луже без јасни и конкренти ставови,м велат од партијата на МИцкоски.

МИцкоски вели дека се мали шансите за предизборна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со албански партнер.

Партиите треба да излезат со своите кандидатиски листи за пратеници најдоцна до 12 март, еден месец пред одржувањето на изборите.