-->
-->
СДСМ: И Апасиев по стапките на Груевски
-->
Прекинувањето на соработката на Општина Карпош со граѓанска организација, нападите и дисквалификациите кон невладините организации од лидерот и членовите на партијата Левица, само покажува дека оваа партија не е ништо друго освен приврзок на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, Левица предводена од Димитар Апасиев се однесува исто како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а претходно од Никола Груевски.
Наместо да поддржат проекти кои им помагаат на ранливите категории граѓани, како оној на Општина Карпош и невладината организација ХЕРА, Левица заради исполнување на хировите на Апасиев исклучува граѓански организации од соработка и прекинува проекти во интерес на граѓаните.
Тоа не само што е удар врз демократијата и отвореноста на инситуциите, потсетува на некои минати времиња кога режимот вршеше хајка кон граѓански организации кои укажуваа на неправилности во работењето на институциите.
Лага е ставот на советничката во Советот на општина Карпош дека за конкретниот проект се трошеле пари од општинскиот Буџет.
Како што информираа од невладината организација, ХЕРА не била корисник на финансиски средства од Општината Карпош за каква било активност или проект.
Откако влезе во советите, Левица секојдневно покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, се однесува нечесно и неодговорно, работи на штета на граѓаните.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти