СДСМ: Граѓаните ќе ја увидат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
СДСМ во пишано соопштение наведува дека 11. години власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и масовно иселување на работоспособното население надвор од државата.
- ВМРО-ДПМНЕ за скоро 11 години владеење имаа неброени шанси да направат нешто добро за граѓаните и државата. Но наместо тоа, Груевски и соработниците беа единстевните кои правеа се да ја осиромашат, изолираат и уназадат државата, додека во меѓувреме криминално се богатеа, велат од СДСМ.
Затоа, као што наведуваат од СДСМ во соопштението, потребно е чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон демократизацијата и да започнат внтарепартиски реформски процеси и да се оградат од ретроградните, насилните и антидржавнички политики на Никола Груевски. - Тоа е добро и за државата, за демократијата но и за самото ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде конструктивна опозиција која активно ќе учествува во реформските процеси кои носат добро за сите, велат од СДСМ.
Граѓаните, како што посочуваат од СДСМ, навистина ќе ја увидат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. - СДСМ преку новата Влада што ја предводи ќе ги врати правдата, економскиот напредок и животот и ќе ги отвори евро-атлантските перспективи, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња