Македонија
21. October 2016 - 11:33

СДСМ го осудува нападот врз новинарот на Телма

СДСМ денеска преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарот на Телма, извршен синоќа пред Министерството за внатрешни работи.

- Интерес на сите граѓани е да ја дознаат вистината и да бидат информирани. Тоа е можно само ако новинарите непречено и без никакви закани по нивната безбедност и без притисоци ги извршуваат своите професионални задачи, стои во соопштението на СДСМ.

По 11 декември, како што се наведува во соопштението на СДСМ, новинарите ќе може слободно да известуваат и да ја критикуваат работата на институциите. Медиумските слободи ќе бидат вратени, а Македонија никогаш веќе нема да биде оквалификувана како земја со неслободни медиуми од релевантните меѓународни организации.