Македонија
19. February 2019 - 17:05

СДСМ ги продолжува преговорите за избор на консензуален кандидат

И владините Алтернатива на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи го прифатија концептот на консенсуален кандидат на претостојните претседателски избори што вчера како коцепт го договорија премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети. На денешната лидерска средба не е догворено име, иако на маса биле ставени неколкумина.

Премиерто Заев задоволен од постигнатотот на средбите. Иако има четворица фаворите од анкеттите на СДСМ, конкретниот кандидат ќе се усогласува наредната недела.

Заев најавува средби и со албансата опозиција – БЕСА на Касами и Алијансата на Албанците на Села за да обезеди поддршка и од нив.

СДСМ паралелно го води и процето на внатрепартиско кандидирање во случај концептот на консенсуален кандидат да не успее. Своја кандидатура денеска најави и нејзниот против кандидат од Конвенцијата - Филип Петровски. Тој ќе собира 10.000 потписи за независна кандидатура.

Самостоен настап на изборите најавија и од партијата за целосна еманципација на Ромите на Самка Ибраимовски. Претходно најави за самостоен настап ситгна и од ЛДП и од Сојузот на Ромите на Македонија на Амбди Бајрам