Македонија
16. July 2020 - 18:08

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица

Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив.

На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици.

СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти.

Денес, Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет.

Правда доаѓа за сите.

Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.

СДСМ и новата Влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни.

Во демократска слободна европска држава како што е Македонија нема место за закани.

Смрт на фашизмот, слобода на народот!