СДСМ: Економските параметри потврдуваат дека македонската економија е стабилна и развојна
Економските политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат резултати што се рефлектираат со постојаниот раст на платите, развојна и динамична економија.
Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1877 денари повеќе во однос на јуни минатата година.
За четири години просечната плата во државата, односно од јуни 2017 година досега, е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари.
Веднаш по преземањето на мандатот ја зголемивме минималната плата, која денес изнесува 15.200 денари и ја израмнивме во сите сектори.
Парите кај граѓаните е реализација на концептот на СДСМ.
Сите показатели потврдуваат дека македонската економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст.
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на истиот месец лани бележи сериозна стапка на раст од 9,5 отсто.
Извозот од државата во првите шест месеци од годината е зголемен за 39,1% во споредба со истиот период лани. Исто така, увозот бележи раст од 38,7 отсто.
Во услови на светска пандемија и економска криза, Владата предводена од СДСМ со над милијарда евра им помогна на граѓаните и на компаниите.
Спасивме над 100.000 работни места, помогнавме на над 400.000 граѓани и на повеќе од 35.000 компании.
Како одговорна партија продолжуваме да реализираме мерки и политики кои обезбедуваат подобар животен стандард, брз економски раст и повеќе пари во семејните буџети.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација