Македонија
8. December 2016 - 16:57

СДСМ двојазилноста ја спроведува на дело летоците за митинзи им се на Албански или Албанскиот им е прв јазик

„Најново е дека со еднојазичност се форсира двојазичност“, коментира опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, во врска со летоците и плакатите што ги шири СДСМ, а се испишани само на албански ајзик или албанскиот е ставен како прв јазик. Со еднојазични постери Зоран Заев ја спроведува федерализацијата на дело. Заев ги повика на митинг дебранци само на албански јазик, а кумановци прво ги покани на албански, а потоа им се обрати и на македонски.

Најавите на лидерот Зоран Заев за двојазичност и рекомпонирање на државата, содржани и во „Планот за живот во Македонија“ СДСМ ги спроведува и на дело. Албанскиот јазик веќе е официјален за социјалдемократите. Во штабот на СДСМ во селото Црнилиште во Општина Долнени албанскиот јазик е официјален.

За Заев е погрешно да си патриот и бранител на сопствената држава и поредок. Дека целта на Заев не е да стане премиер на обединета и унитарна Македонија, за чии граѓани ќе обезбеди подобар живот, како што вели, тука во Македонија, туку да ја распарчи и да им ја подари на соседите за да си обезбеди лична благосотојба, тој најави уште во 2013 година, набрзо откако стана лидер на СДСМ.

Тогаш тој признава дека СДСМ водел погрешна политика, особено, како што рече тогаш во емисијата “Патот кон” на Алсат-М, чиј уредник беше поранешниот новинар, а сегашен висок функционер на СДСМ, Мухамед Зекири, обидите да се игра на патриотска карта за да се добијат политички поени.

- Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворната партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така што обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, како Законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат нас. Луѓето очекуваат ние да бидеме сплотувачкиот фактор, рече спроведувачот на великоалбанската идеја во Македонија, Зоран Заев.

Република претходно напомена дека гласот за десноцентристичките коалиции е глас во корист на Заев и намерите за двојазичност и редефинирање на државата. Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, веќе и на митинзи зборува дека само нестабилна влада може да обезбеди стабилна држава.

Тој веќе најави дека секое село ќе го направи посебна општина, и не крие дека е на иста линија со ставовите на Зоран Заев и на СДСМ. Деновиве тој не ја исклучи можноста нивната партија да влезе во коалиција со СДСМ.

Зоран Заев во неколку наврати јавно кажа дека СДСМ очекува најмногу гласови од Албанците, а отворено зборува и за воведување на двојазичност во државата и напуштањето на рамките на Охридскиот договор. Во една прилика во гостување на телевизиска емисија тој самоуверено го отвори и прашањето за менување на Уставот на Република Македонија. Во програмата на СДСМ секој може да види дека се предвидуваат и локална полиција, двојазичност и политипни општини.