СДСМ: ДПМНЕ тендерска удри по џебот на граѓаните
Во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.
Поради неспособноста на градоначалникот и директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз.
Советничката група на СДСМ повеќе од 11 часа се бореше за да го заштити стандардот на граѓаните, поденсувајќи 400 амандмани, но претседателот на Советот од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се исклучиво од партиски интереси сите ги отфрли.
Мнозинството на Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз.
Ете како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, додека глумат загриженост за економската состојба, јавните претпријатија на локално ниво ги доведуваат до колапс, за после дополнително да им наштетат на граѓаните, воведувајќи поскапи давачки во време на криза.
По којанзае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за граѓаните, туку дејствува единствено за партиски и бизнис интереси.
Центар за комуникации со јавноста
|
Ново на Сител
-
Полицијата нема да дозволи дополнителни стражи околу црквата Свети Спас
-
Спасовски и Демерџиев тврдат дека нема да дозволат инциденти на 4 февруари
-
Лорер: Тепаниот не е бугарски државјанин, Бугариja треба да се грижи за своите граѓани, а напаѓачот е бугарски граѓанин
-
Азески со 5 прашања ја честиташе годишницата на владиниот кабинет
-
Тема на денот со Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Демократски сојуз предлага формирање на македонски ФБИ за борба со криминалот и корупцијата
-
Финска - сакаме да влеземе во НАТО кога и Шведска
-
Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранг-листата