СДСМ: ДКСК е доказ за огромната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е синоним за државна инстутуција заробена и злоупотребна од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а последен доказ за тоа е и нивната неуспешна акција да го спречат разрешувањето на Марко Зврлевски и да го заштитат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, порачува СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ.
Димков, денеска на партиска прес-конференција истакна дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски во Собранието на Република Македонија е целосно незаконска, а тоа, како што рече, го потврдила и Антикорупциската комисија.
- Наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби, Комисијата во изминатите години работеше селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со непостапувањето по стотиците пријави, скандали и сомнежи за сторен криминал, Државната комисија за спречување на корупција стана соучесник во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата од СДСМ.
Досегашната работа на Државната Комисија за спречување на корупција, се додава, е доказ за огромната партизација на инситуциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ја потврдува потребата од започнатиот процес на ослободување и професионализација на државните институции.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море