Македонија
14. јуни 2018 - 23:24

СДСМ: Дилемите се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор

Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси.

Нема дилеми - Договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет. Никој повеќе да не го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш.

Нема дилеми – Договорот ги отвора перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, напредокот, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Нема дилеми – обврските на македонската и грчката страна се јасно дефинирани во Договорот кој што е во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното и домашното право и ќе биде ратификуван од двете страни.

Мицкоски да нема дилеми, тие се одамна затворени, граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор!