Македонија
18. December 2016 - 11:39

СДСМ: ДИК не е на ниво на задачата за заштита на изборниот процес

Со одлуките што ги донесе Државната изборна комисија (ДИК) покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес, се наведува во соопштението на СДСМ објавено синоќа по завршувањето на седницата на Комисијата.

- Институциите на државата мора да работат во сложба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија. И покрај се што се случува, неколку работи се кристално јасни: Граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат, нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Се отвораат перспективите за единствена Република Македонија и сите нејзини граѓани, стои во соопштението од СДСМ.