Македонија
19. November 2019 - 16:48

СДСМ: Дали заради долгот опозицијата го блокира изборот на државен ревизор?

Молкот во ВМРО-ДПМНЕ е индикатор за прикривање на голем скандал, нова афера поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања.

Јавно објавените информации, финансискиот извештај, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

Затоа молчи ВМРО ДПМНЕ.

Дали токму овој незаконски долг од 400.000 евра е причината што ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на прв човек на Државниот завод за ревизија?

Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ дека независна институција ќе поведе постапка и ќе ги истражи сите индиции за нивното непочитување на законот?

Одговорност мора да има.

Надлежните институции мора да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Институциите се на потег.

За овој нов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.