Македонија
1. April 2019 - 10:49

СДСМ: Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија?

Дали Силјановска е потпишана на кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија?

Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена, не е чесна и лицемерна е кон граѓаните. Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име.

Но да видиме видиме дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?

Пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?

Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?

Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?

Јавноста чека одговори.