Бизнис
19. December 2018 - 10:22

СДСМ: Буџетот за 2019 обезбедува економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Буџетот за 2019 година е во последната собраниска фаза и во интерес на граѓаните, државата и економијата за очекување е поддршка од сите пратеници во Собранието.

Буџетот за 2019 е домаќински, развоен и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните.

Во 2019 година се очекува забрзан раст на Бруто домашниот производ од 3.2 отсто, каде што позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, нето-извозот, како и капиталните инвестиции.

Во 2019 година трендот на раст на платите ќе продолжи. Во Буџетот за 2019 година предвидено е зголемување на платите од 5 отсто за вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијта, градинките, центрите за социјални грижи, судството, културата, додека повисоки плати за 10 отсто ќе добиваат лакрите специјалисти.

Се реформира и системот за социјална заштита. Со воведување на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права корисниците на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Се создаваат можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток.

Се обезбедуваат повеќе пари за инфраструктурни проекти, повеќе пари за мерки за вработување и зголемена поддршка за земјоделците.

Дополнително, низ контруктивната дебат во Собранието, прифатени беа и 9 амандмани поденсени од опозицијата во вредност од 500.000 евра.

Со Буџетот за 2019 година се остваруваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за економски раст и развој, нови инвестции и повеќе пари кај граѓаните, стои во соопштението испратено од СДСМ